Power Generation, Pharma and Chemical, Cement, Metal and Steel, Waste Treatment, Pulp and Paper, Maritime, Bio Gas
Мерни решенија
- СКМЕ (системи за континуиран мониторинг на емисии)
Електрани, Фармација, Хемиска, Цементна, Метало преработувачка индустрија, тертман и согорување на отпад, производство на хартија и биогас
- Мониторинг на животна и работна средина
Квалитет на воздух, Безбедност при работа и индустриска хигиена, Квалитет на вода, Метеорологија
- Тестирања во Индустрија и Инженерство
Градежништво, Геотехника, Материјали, Машинство, Рударство
- Лаборатории од секаков вид
Научно истражувачки, Индустриски, За храна, Здравствено – медицински, Инспекциски, Калибрациони
Нашиот тим, заедно со нашите врвни добавувачи и надворешни стручни соработници од професионалниот и научен свет, имаат вистинско решение за вас. Тоа ќе се базира на повеќе од 15 години искуство во областа на инженерството и сервисирањето на комплексни проекти.
Ние ќе ве советуваме како да снабдете оптимизирани, прилагодени решенија за мерење за специфични потреби, доколку:
Треба да ги следите критичните вредности со валидни и прецизни мерења?
Треба да се измери според правилниците и / или да се спроведе метода за тестирање по специфичен стандард?
Потребна ви е опрема со оптимални спецификации?
Ви треба сигурен снабдувач и пост-продажна поддршка?
Обезбедуваме знаење, технологија, квалитет и услуга за успешно исполнување на регулаторните барања и подобрување на квалитетот.
За нас
Од своето основање во 2011 година, RBC Media – Measuring Solutions силно инвестираше да се докажеме како доверлив партнер за нашите добавувачи, партнери, соработници и клиенти. Ние континуирано се подобруваме, сега со докажано искуство во соработка со водечките производители на опрема за мерења и тестирање од една страна, а од друга страна со најреномираните клиенти, силно почитувајќи ја деловната култура и етиката.
Наша дејност се консултантски услуги, дизајнирање интегративни решенија за мерење, набавка на опрема, обезбедување на инженерски услуги, вклучувајќи пуштање во работа, обука, одржување и калибрации.
Имаме тим на искусни и квалификувани инженери и техничари, обучени во текот на повеќе од 15 години од светски водечки производители на опрема за мерење и тестирање. Ние сме постојано вклучени во многу проекти поврзани со мерење и следење на квалитетот на воздухот, емисиите или каде што се потребни напредни решенија за земање на примероци, подготовка и мерење за научни, инженерски, инспекциски или индустриски апликации.
Нашата посветеност кон работата, создаде околу нас голем круг на задоволни клиенти.
ВИЗИЈА
RBC Media – Мерни решенија се стреми да биде партнер со најголема доверба за нашите партнери и да биде најбезбеден Извор на обезбедување на квалитетни производи и професионални услуги.
МИСИЈА
Да им помогнеме на клиентите со највисоко ниво на Консултантски услуги и know-how, испорака на Оптимизирана опрема и решенија за мерење, да обезбедиме услуги и калибрации по конкурентни цени без да го загрозиме квалитетот. Секоја активност да биде дополнета со нашиот вроден професионализам и деловна етика.