Од своето основање во 2011 година, RBC Media – Measuring Solutions силно инвестираше да се докажеме како доверлив партнер за нашите добавувачи, партнери, соработници и клиенти. Ние континуирано се подобруваме, сега со докажано искуство во соработка со водечките производители на опрема за мерења и тестирање од една страна, а од друга страна со најреномираните клиенти, силно почитувајќи ја деловната култура и етиката.

Наша дејност се консултантски услуги, дизајнирање интегративни решенија за мерење, набавка на опрема, обезбедување на инженерски услуги, вклучувајќи пуштање во работа, обука, одржување и калибрации.

Имаме тим на искусни и квалификувани инженери и техничари, обучени во текот на повеќе од 15 години од светски водечки производители на опрема за мерење и тестирање. Ние сме постојано вклучени во многу проекти поврзани со мерење и следење на квалитетот на воздухот, емисиите или каде што се потребни напредни решенија за земање на примероци, подготовка и мерење за научни, инженерски, инспекциски или индустриски апликации.

Нашата посветеност кон работата, создаде околу нас голем круг  на задоволни клиенти.

 

 

 

 

 

ВИЗИЈА

RBC Media – Мерни решенија се стреми да биде партнер со најголема доверба за нашите партнери и да биде најбезбеден Извор на обезбедување на квалитетни производи и професионални услуги.

МИСИЈА

Да им помогнеме на клиентите со највисоко ниво на Консултантски услуги и know-how, испорака на Оптимизирана опрема и решенија за мерење, да обезбедиме услуги и калибрации по конкурентни цени без да го загрозиме квалитетот. Секоја активност да биде дополнета со нашиот вроден професионализам и деловна етика.