Мерни решенија

  • СКМЕ (системи за континуиран мониторинг на емисии)

Електрани, Фармација, Хемиска, Цементна, Метало преработувачка индустрија, тертман и согорување на отпад, производство на  хартија и биогас

  • Мониторинг на животна и работна средина

Квалитет на воздух, Безбедност при работа и индустриска хигиена, Квалитет на вода, Метеорологија

  • Тестирања во Индустрија и Инженерство

Градежништво, Геотехника, Материјали, Машинство, Рударство

  • Лаборатории од секаков вид

Научно истражувачки, Индустриски, За храна, Здравствено – медицински, Инспекциски, Калибрациони

 

Нашиот тим, заедно со нашите врвни добавувачи и надворешни стручни соработници од професионалниот и научен свет, имаат вистинско решение за вас. Тоа ќе се базира на повеќе од 15 години искуство во областа на инженерството и сервисирањето на комплексни проекти.

Ние ќе ве советуваме како да снабдете оптимизирани, прилагодени решенија за мерење за специфични потреби, доколку:

Треба да ги следите критичните вредности со валидни и прецизни мерења?

Треба да се измери според правилниците и / или да се спроведе метода за тестирање по специфичен стандард?

Потребна ви е опрема со оптимални спецификации?

Ви треба сигурен снабдувач и пост-продажна поддршка?

 

 

Обезбедуваме знаење, технологија, квалитет и услуга за успешно исполнување на регулаторните барања и подобрување на квалитетот.

За нас

Од своето основање во 2011 година, RBC Media – Measuring Solutions силно инвестираше да се докажеме како доверлив партнер за нашите добавувачи, партнери, соработници и клиенти. Ние континуирано се подобруваме, сега со докажано искуство во соработка со водечките производители на опрема за мерења и тестирање на од една страна, а од друга страна со најреномираните клиенти, силно почитувајќи ја деловната култура и етиката.

Наша дејност се консултантски услуги, дизајнирање интегративни решенија за мерење, набавка на опрема, обезбедување на инженерски услуги, вклучувајќи пуштање во работа, обука, одржување и калибрации.

Имаме тим на искусни и квалификувани инженери и техничари, обучени во текот на повеќе од 15 години од светски водечки производители на опрема за мерење и тестирање. Ние сме постојано вклучени во многу проекти поврзани со мерење и следење на квалитетот на воздухот, емисиите или каде што се потребни напредни решенија за земање на примероци, подготовка и мерење за научни, инженерски, инспекциски или индустриски апликации.

Нашата посветеност кон работата, созоздаде околу нас голем круг  на задоволни клиенти.

 

 

 

 

 

ВИЗИЈА

RBC Media – Мерни решенија се стреми да биде партнер со најголема доверба за нашите партнери и да биде најбезбеден Извор на обезбедување на квалитетни производи и професионални услуги.

МИСИЈА

Да им помогнеме на клиентите со највисоко ниво на Консултантски услуги и know-how, испорака на Оптимизирана опрема и решенија за мерење, да обезбедиме услуги и калибрации по конкурентни цени без да го загрозиме квалитетот. Секоја активност да биде дополнета со нашиот вроден професионализам и деловна етика.